Search

Кина планира на младите под 18 години да им го ограничи пристапот на интернет на два часа дневно

Кинеската управа за кибер-простор (CAC) денеска соопшти дека децата под 18-годишна возраст треба да бидат ограничени да поминуваат не повеќе од два часа дневно на нивните  смарт-телефони. Тоа предизвика пад на акциите на технолошките компании, јавија западни медиуми.

CAC соопшти дека сака провајдерите на смарт-телефони да воведат таканаречени мали програми со кои на корисниците под 18 години ќе им се забрани пристап на интернет преку мобилни уреди од 22 часот до 6 часот наутро.

Провајдерите, исто така, ќе мора да постават временски ограничувања според предложените реформи, наведоа од САС.

Треба да знаете
Последни објави