Search

Дачиќ бара Бугарија да го признае српското малцинство

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, е револтиран од одбивањето на Бугарија да го признае постоењето на српското национално малцинство.

Во утринскиот блок „Ново јутро“ на Телевизија Пинк Дачиќ изјави дека Бугарија не ги признава националните малциства, а во исто време протестира кај соседите за наводно лошиот третман на тамошните Бугари.

„Бугарија не признава национални малцинства, но од друга страна, толку многу протестира за лошата состојба на Бугарите во Србија. И ова е… Но кога ќе им кажеме, а Србите во Бугарија, тогаш тие одговараат: ‘Нема Срби во Бугарија’. Тоа значи дека и ние треба да кажеме дека нема Бугари во Србија. Тогаш нема да има проблеми со бугарското национално малцинство“.

Треба да знаете
Последни објави