Search

Акција на ЦУК за спасување на повреден холандски параглајдерист на Галичица

Центарот за управување со кризи организира спасувачка мисија на Галичица, од македонска страна на холандски параглајдерист кој паднал и најверојатно има повреден рбет.

Во акцијата се вклучени полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени, Алпинистичкиот тим и животоспасувачите од Одделот за специјални полициски операции, заедно со граничната полиција од РЦ Запад.

Од МВР потврдуваат дека во тек е спасувачка акција од страна на нивни припадници, а повеќе инфо по завршување на активностите.

Треба да знаете
Последни објави