Search

На кој како му текне прекопува низ Скопје

Вечерва отежнат е сообраќајот на главната скопска артерија булеварот „Партизански одреди“.

Во Буњаковец од Карпош кон Центар, непосредно пред Соборниот храм затворени се две ленти и сообраќајот се префрла во една коловозна лента.

Исто е и во обратен правец од Центар кон Карпош, и таму затворени се две ленти поради раскопување на булеварот.

Иако се работи за фреквентен булевар нема известување од ЦУКС, ниту од Град Скопје.

24 Инфо провери дали некоја од компаниите што пружаат услуги за граѓаните како ЕВН, Водовод или топлификација дал известување за измена на режим на возење, но никој од посечните нема такво известување.

Не се знае кој денеска ја прекопува „Партизанска“ а очигледно дека на кој како му текне го прекопува Скопје без при тоа и да најави.

Треба да знаете
Последни објави