Search

Струга продолжува во Европа, Радески со хет-трик го реши Будучност

Македонскиот шампион Струга Трим Лум славеше на гостувањето во Подгорица со 4-3 против Будуќност и обезбеди место во третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

Миомир Ѓуричковиќ донесе водство за Будуќност во седмата минута од мечот, по што Марјан Радески со два гола направи пресврт и ја израдува македонската екипа.

Струга, сепак, не го задржа водството на полувреме бидејќи прими гол од Василије Авџиќ во осмата минути од судиското надополнување во првиот дел и со 2-2 замина на паузата.

Бесарт Ибраими во 66. минута погоди за ново водство на гостите од 3-2, додека Радески го комплетира хет-трикот во 74. минута и ја донесе Струга до голем триумф. До крајот на мечот Будуќност успеа да постигне само уште еден гол преку Петар Секуловиќ за конечни 3-4.

Струга ТЛ во следното квалификациско коло ќе се соочи против Есперанж од Луксембург. 

Треба да знаете
Последни објави