Search

Струга преполна со туристи, се бара место повеќе

Струшкото крајбрежје, плажите, чаршијата деновиве се преполни со туристи. Традиционално околу празникот Илинден ривиерата е преполна со гости од земјава и странство, но како и секогаш во Струга најмногубројни се печалбарите.

Зголемената фрекфенција се забележува и низ улиците и патиштата, долгите колони се карактеристична слика за влез и излез од Струга на кружниот тек на патот што води кон граничниот прмеин Ќафасан и патот кон Дебар.

Поради големиот број туристи и враќањето на печалбарите повеќе од двојно била зголемена работата на Брзата помош. Најголемиот број интервенции биле поради колапси предизвикани од жешкото време, информираат од Струшката Брза помош.

Хотелските капацитети се целосно исполнети, а се бара кревет повеќе и во приватното сместување. Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески вели дека гости имаат од секаде, од цел свет.

– Неможе да се каже кои гости се најбројни. Тука се холанѓаните, гостите од Полска, Турција, соседството… Годинава многубројни се и гостите од дијаспората, бидејќи не беа вратени подолго време поради короната. Забави има на целото крајбрежје од секаков тип и за сечиј вкус, истакна Блажески.

Покрај во екот на туристичката сезона кој трае некаде до средината на август, тој очекува целосна исполнтеост на хотрелските капацитети и во септември.

И покрај гужвите, безбедосната состојба на подрачјето на Одделението за вантрешни работи Струга, според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, е стабилна и поволна.

 

Треба да знаете
Последни објави