Search

„Демократско движење“ е името на новата политичка партија предводена од Изет Меџити

Името на новата политичка партија на Изет Меџити ќе се вика „Демократско движење“.

„Демократско движење ќе биде името на новата политичка партија, која пред неколку денови ја најави пратеникот Изет Меџити.“- стои во соопштението испратено до медиумите.

„Името беше објавено денеска по завршувањето на рокот за давање идеи од граѓаните преку онлајн платформата www.lëvizja.mk. Инаку, партијата Демократско движење официјално ќе биде промовирана на 13 август, се додава во соопштението.

Меџити беше еден од предводниците на „огнената група“ во ДУИ која јавно изрази револт од актуелните функционери на оваа партија на чело со првиот вицепремиер Артан Груби. Откако имаше разидувања и во редовите на „огнените“  Меџити со останатите го најави формирањето на новата партијата.

Треба да знаете
Последни објави