Search

Спасовски: Три капитални објекти на МВР 2017-2023

Три капитални објекти на МВР 2017-2023 – ИКТ центар за чување и заштита на податоци и за опоравување од катастрофи во Прилеп, Најсовремена форензичка лабораторија на Балканот и нова Полициската станица Аеродром

▶️ИКТ центар за чување и заштита на податоци и за опоравување од катастрофи во Прилеп

Финансирана со 3,25 милиони евра од претпристапната помош на ИПА фондовите и со 150.000 евра од Министерството за внатрешни работи како краен корисник на овој капитален објект – Центарот ќе биде back-up (резервна база) за клучните, витални информациски системи во земјава и ќе гарантира дека тие ќе функционираат доколку од какви било причини е загрозена работата на примарниот информатички систем и исто така ќе ги зачува податоците во случај на природни или катастрофи предизвикани од страна на човечки фактор

▶️Најсовремена форензичка лабораторија на Балканот, во Оддел за криминалистичко–технички испитувања и вештачења

Станува збор за објект што ќе биде опремен согласно сите најнови европски полициски стандарди во доменот на крим-техниката, односно форензиката. Или, попластично кажано, објект што реално претставува есенција во полициско-истражителското дејствување, така што со право очекуваме, во голема мерка да се подигнат на уште повисоко ниво не само професионалните стандарди, туку и конкретните ефекти на овој дел од оперативното полициско работење. Со изградбата на овој објект конечно се унапредуваат условите за работа на крим-техничките работници во нови лабораториски и канцелариски простории. Го фаќаме чекорот со современите постапки во оваа сфера и нивна хармонизација со најдобрите европски практики и стандарди – Проект за чија што реализација во рамки на ИПА програмата за 2016 година се издвоени потребните над три милиони евра. Очекуваме објектот да биде пуштен во употреба наскоро.

▶️Новата Полициската станица Аеродром

Трет објект во низата нови градби на Министерството за внатрешни работи, којшто воедно е енергетско ефикасен објект. Предвидениот рок за изградба на објектот е 30 месеци од денот на воведување во работа на економските оператори изведувач и надзор, со вкупна вредност од околу 130.000.000 денари со вклучено ДДВ, предвидени од буџетот на Република Северна Македонија

Ова се низа суштествени, реформски и програмски зафати во рамки на Министерството за внатрешни работи што ги подготвувавме и реализиравме изминативе години, и бездруго заземаат значајно место во напорите за квалитативно унапредување на модерното полициско работење.

Продолжуваме!

Треба да знаете
Последни објави