Search

Откако министрите од ДУИ поднесоа оставки, на потег е Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ да одлучат дали се за ЕУ или за изолација

Откако министрите од ДУИ поднесоа оставки, кои ќе се ефектуираат веднаш откако пратениците на ДПМНЕ ќе гласаат за уставните измени, сега на потег е Христијан Мицкоски. Со претходно донесените одлуки на Централниот одбор на СДСМ, како и со последната одлука на ДУИ, сите услови кои ги поставуваше Мицкоски за ДПМНЕ да поддржи уставни измени се исполнети, вклучително и Влада без ДУИ. Ставајќи го државниот пред партискиот интерес СДСМ и ДУИ покажуваат одговорност кон врвната стратешка цел, а тоа е европската иднина на земјата и сите наши граѓани, порача денеска на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ и додаде:

-Уставните измени се влезени во собраниска процедура, јавно се објавени и откако нивната содржина е јавно достапна, никој, па вклучително и Мицкоски нема ништо против таквите измени.

Сега, на потег е Христијан Мицкоски да докаже дали има државнички капацитет, дали му е важна европската иднина на земјата или се грижи само за својата фотелја во Белиот дворец.

Членството во ЕУ е врвна стратешка цел на мнозинството граѓани, не е борба за власт туку борба за иднината на државата и од тоа СДСМ не отстапува.

Гласот за уставните измени е глас за Европа, за сигурна и стабилна иднина на нашиот народ и нашата држава. 

Еве уште една шанса за Мицкоски и ДПМНЕ кои со глас за Европа во македонското Собрание можат да покажат дека навистина се за европската агенда, дека европската агенда е и македонска, наместо само да кочат и блокираат.

Мицкоски треба донесе одлука, пратениците на ДПМНЕ да дадат поддршка за уставните измени и продолжување на европскиот пат. 

Мицкоски да ја искористи шансата и да одлучи: Глас за ЕУ или изолација.

Уште еден мега скандал во македонската дипломатија кој ја потресе јавноста овие дена како резултат на катастрофалната кадровска политика на Македонија во однос на дипломатијата и меѓународните односи.

Личниот пријател на Никола Димитров, а особено близок на претседателот Пендаровски и амбасадор на Република Македонија во Јапонија и на Бујар Османи, Горан Цеков извршил сексуално вознемирување врз повеќе жени за кој е пријавуван неколку пати!

Алармот го вклучила јапонската државјанка која го пријавила Цеков во неколку наврати, но она што е уште повознемирувачко што истиот тој амбасадор истовремено сексуално нападнал и негова колешка од ДКП-то во Јапонија за кого било алармирано во МНР неколку пати, но никој не превземал ништо!

Она што е уште по шокантно е фактот дека амбасадорот е вратен во земјата НО поминува, замислете, само со мерка враќање назад!

Во сериозни држави каде не владеат антидржавни ентитети како СДС и ДУИ, вакво тешко дело, најмалку  се казнува со одземање на амбасадорското звање, престанок на работниот однос во МНР, оставка на министерот и хиерархиски казни за сите кои  молчеле три месеци за нападот врз жените!

Се поставуваат неколку прашања:

1. Дали скандалот е прикриван неколку месеци заради неговите лични релации со Претседателот Пендаровски?

2. Дали на Цеков ова му е прв ваков сексуален напад?

Согласно законските прописи, сексуалното вознемирување е кривично дело.

Наместо враќање назад, овој господин треба и кривично да одговара.

Борбата против сексуално вознемирување врз жените, мора да биде не селективна и да го опфаќа секој сегмент во општеството.

БЕЗ ИСКЛУЧОЦИ!!

Го повикуваме Бујар Османи да ги изнесе јавно сите детали од извештајот за дисциплинската комисија каде се наведени сите детали за овој голем срам на Македонија пред јапонските власти и пред се, огромен срам за македонската дипломатија!

Треба да знаете
Последни објави