Search

Нов пожар во близина на Атина, му се заканува и на локалниот манастир

Нов пожар избувна денеска нешто по 19:20 часот во ниска вегетација во областа Варнавас, во грчката област Атика. Според извештаите на локалните медиуми, пожарот избувнал во близина на светиот манастир Аксион Ести.

За гаснење се мобилизирани копнени и воздушни сили, а на терен излегле 43 пожарникари со 12 возила, 1 хеликоптер и 3 авиони.

Во Грција во последните дваесет и четири часа избувнале вкупно 55 шумски пожари, покажуваат податоците на Противпожарната служба. Повеќето се спречуваат веднаш, во почетната фаза.

Нешто пред 20:00 часот е локализиран пожарот што попладнево избувна во шумски предел во областа Агиа Марина на островот Евија.

Треба да знаете
Последни објави