Search

Курти: Првпат Косово има над 400.000 активни работни места

Косовскиот премиер Албин Курти на Твитер напиша дека по првпат во својата економија Косово има над 400.000 активни работни места.

Според косовскиот премиер, тоа е показател за успешна политика.

„Нашата економија по првпат има над 400.000 регистрирани активни работни места. Ова е силен показател за успехот на нашите трудови и економски политики кои им помогнаа на жените, лицата со посебни потреби, претприемачите и другите да бидат успешни учесници во работната сила“, напиша Курти на Твитер. 

Треба да знаете
Последни објави