Search

Двата коња што угинаа во Зоолошката градина се од ретка и скапа раса која што потекнува од Монголија

Двата коња кои вчера угинаа во скопската Зоолошка градина биле донесени од Национален парк од Австрија. Истите се од видот Пржевалскиев коњ, што важи за многу ретка и скапа раса која што потекнува од Монголија. Оваа раса до неодамна важеле за изумрен вид во дивината и нивната вредност е голема.

Смртта на животните во полицијата ја пријавил вработен во ЗОО Скопје, кој се сомневал дека биле отруени. Сепак, се’ уште нема официјална потврда за причинта за смртта, а таа ќе биде позната по обукцијата на животните.

МВР работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави