Search

Виена и натаму најдобар град за живеење, следат Копенхаген, Цирих, Женева и Хелсинки

Виена и понатаму е најдобар град за живеење во светот, покажува EIU, индексот на британскиот весник „Економист“.

Според овој индекс, австриската престолнина има 98,4 поени од можни 100 поени, додека на второ место е Копенхаген, а потоа следат Цирих, Женева и Хелсинки.

Економист коментира дека европејците имаат дост добри градови за живеење. Нивните градови, особено во западната половина на континентот, се генерално прекрасни места за живеење. Европските градови постојано се на врвот на рангирањето и продолжуваат да го прават тоа. Регионот има повеќе градови во глобалната топ десет од кој било друг регион.

Мерењето е направено во пет категории: култура и животна средина, образование, здравствена заштита, инфраструктура и стабилност.

На листата на европски градови каде е постигнат најголем напредок во 2022 година, се Букурешт, Братислава, Варшава и Штутгарт и Белград.

Од друга страна, Единбург, главниот град на Шкотска, падна за дури 23 места на листата на светски градови, повеќе од кој било друг град.

Истовремено, врз основа на индексот EIU, пад на квалитетот на животот е забележан во Лондон, кој падна за 12 места.

На дното на листата на европски градови е Киев, „што е последица на руската агресија врз Украина“, наведува „Економист“.

Треба да знаете
Последни објави