Ивановски го освои турнирот во Австрија

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, со само еден изгубен сет дојде до трофејот на ИТФ турнирот во Крамзах, Австрија, што е негов петти во кариерата, втор во поединечна конкуренција во 2023 година. Ивановски ја имаше улогата на втор носител на турнирот и таа улога ја оправда и во финалето против кореецот Џерард Кампања Ли збележувајќи триумф од 2:0 (6:2 и 6:2) за 68 минути игра. Ивановски уште во првиот сет направи два брејка и го освои сетот со убедливи 6:2. Во ист стил продолжи и во вториот сет. Нови два брејка и повторно 6:2 за нашиот тенисер.

Ивановски (19 г.) претходно победуваше на турнирите Монастир (Тунис), Хераклин (Грција), Мадрид (Шпанија) и во Скопје.

Во моментов Ивановски е на 335. место на АТП ранг листата, но се очекува веќе утре да напредува поради освојувањето на турнирот во Австрија.

Треба да знаете
Последни објави