Search

Манчестер јунајтед ќе искешира 75 милиони евра за Хејлунд

Аталната ја прифати понудата на Манчестер јунајтед за младиот напаѓач, Расмус Хејлунд. Трансферот на младиот Данец, со сите бонудси може да достигне 85.000.000 евра.

Хејлунд, минатата недела ја договори платата со Јунајтед и ќе потпише петгодишен договор со „црвените ѓаволи“. Фиксниот дел од неговиот трансфер ќе изнесува 75.000.000 евра.

Хејлунд минатата сезона постигна девет гола во Серија А, а претходно играше за Копенхаген и Штурм.

Висок е 191 сантиметар, на шест натпревари за данската репрезентација има постигнато шест гола.

Ова е најголема продажба во историјата на Аталанта, претходниот рекордер беше Кристијан Ромеро чии трансфер во Тотенхем, минатото лето изнесуваше 50.000.000 евра.

Хејлунд во Аталаната пристигна минатото лето од Штурм за 17.200.000 евра.

Треба да знаете
Последни објави