Search

Изгаснат пожар на патот Велес-Градско

Со брза интервенција на Територијалната Противпожарна Единица од Велес попладнево во 15:20 часот целосно е изгаснат пожар меѓу патиштата на релација Велес-Градско на просторот помеѓу  стариот и новиот пат-Автопатот веднаш над бензиската пумпа. Во пожарот изгореле 200 метри сува трева и неколку дрвца на оваа локација.

Пожарот бил пријавен во 14:18 часот, а изгаснат е во 15:20 часот со брза и навремена интервенција на тројца пожарникари со едно противпожарно возило од ТППЕ Велес

Треба да знаете
Последни објави