Search

Забрана за патување во Софија по инцидентите во Скопје добија навивачите на Шкупи

Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) забрани присуство на навивачите на Шкупи во Софија на реванш натпреварот од 2. квалификациско коло од третот по ранг клупско натпреаврување, Конференциската лига.

Оваа превентивна мерка од Нион пристигна по вчерашните инциденти пред натпреварот во Скопје меѓу македонскиот и бугарскиот претставник кој се одигра на арената „Тодор Проески“. Одлуката за неприсуство на навивачите на македонскиот тим во Софија, УЕФА ја донела за да спречи нескани нови инциденти кои би можеле да бидат со далеку потешки последици.

Вчера во Скопје пред натпреварот во скопската населба Чаир беше прободен еден навивач на Левски, а потоа бугарските навивачи предизвикаа инциденти на трибините на арената „Тодор Проески“ поради што беа уапсени 19 навивачи на Левски и двајца навивачи на Шкупи.

Навивачите на Левски кои беа уапсени попладнево беа пуштени на слобода. Навивачите од Софија кои останаа во Скопје ги собрале ппотребните пари за да ја платат паричната казна за уапсените навивачи (200 до 300 евра по лице), по што бугарските хулигани се пуштени на слобода и се вратиле во својата земја.

Треба да знаете
Последни објави