Search

Шоле во недела во посета на Косово, според косовските медиуми

Потсекретарот на Министерството за одбрана на САД Дерек Шоле од недела ќе престојува во Косово, објавија денеска локалните медиуми.

Според дел од косовските медиуми, заедно со Шоле на Косово доаѓаат и други високи американски безбедносни функционери.

Се очекува Шоле да има одвоени средби со косовската претседателка Вјоса Османи и премиерот Албин Курти.

Тоа ќе биде највисока посета на претставници на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден по тензиите на северот на Косово и протестите на локалните Срби. 

Треба да знаете
Последни објави