Search

(Видео) Пожар избувна и на Халкидики

Денеска околу пладне избувна пожар во тревна површина на грчкиот полуостров Ситонија на Халкидики.

Грчката веб-страница Прототема наведува дека пожарот избувнал меѓу одморалиштата Метаморфозис и Никити.

И двете одморалишта се многу популарни кај туристите.

Во гаснењето на пожарот биле ангажирани 37 пожарникари со 12 возила, меѓу кои двајца пристигнале од Бугарија со десет пожарникари.

Во акцијата за гаснење учествуваат и противпожарен хеликоптер и припадници на пешадијата на грчката армија.

Се наведува дека во моментов ниту едно населено место не е загрозено од пожарот.

На веб-страницата Халкидики Политики се наведува дека пожарот е јасно видлив од Никити и дека пожарот гори во близина на кампот Милош.

Се наведува дека гаснењето на пожарот го отежнува силниот ветер што дува во областа.

Треба да знаете
Последни објави