Search

Последните зборови на грчките пилоти кои загинаа при гаснењето пожар: Уште едно полнење и си одиме!

Смртта на пилотот Христос Мулас (34) и неговиот копилот Перикле Стефанидис (27), кои загинаа вчера при гаснење пожари во Грција со канадер, го потресе регионот.

Еден од пожарникарите, кој непосредно пред несреќата бил на телефонска линија со нив, открил кои биле нивните последни зборови.

„Се уште не верувам дека се слушнав со нив три минути претходно… Точно десет минути подоцна дознав дека авионот паднал“ – рекол пожарникарот.

Тој вели дека разговарал со нив и дека во ниту еден момент Мулас и Стефанидис не се пожалиле дека имале некаков проблем со авионот.

„Ни рекоа `Подготвени сме да се обидеме. Ајде да земеме уште едно полнење и да си одиме“ – рече пожарникарот.

Да потсетиме, авионот се урнал околу 15 часот во областа Каристос во централна Грција, додека пожарникарите гаснеа пожар на тешко место во селото Платанистос.

Се верува дека при полетувањето фатиле дрво со десното крило, поради што леталото изгубило висина и паднало.

Треба да знаете
Последни објави