Search

Утре и задутре прскање против комарци во Скопје

Утре и задутре, во раните утрински часови, ќе се реализира четвртата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. 

Од Градот Скопје информираат дека, доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини.

-Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, предупредуваат од Град Скопје.

Треба да знаете
Последни објави