Search

Сончево и многу топло, максималната температура до 42 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 36 до 42 степени. UV=10

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 40 степени.

ОД УХМР најавија дека и во среда ќе се задржи многу топло време со високи утрински и дневни температури и ќе дува засилен југозападен ветер (на повеќе места над 60 киометри на час). Кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе продолжи да дува во четврток кога ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени. 

Треба да знаете
Последни објави