Search

Пеколни температури во Грција: Во среда во Атина до 45 степени

Во Грција продолжува топлиот бран, а во среда ќе биде уште потопло, јавуваат медиумите во регионот.

Температурите низ земјата ќе достигнат и ќе надминат 40 степени, а најтопло ќе биде во подрачјето на Атина со температура до 45 степени.

Овие температури се екстремно високи дури и за Грција и се повеќе од ретка појава, велат познавачите.

Нешто попријатно ќе биде само на островите со температури од 35 до 40 степени.

За жал, како што стои во написите на медиумите, топлото време ќе биде проследено со ведро и ветровито време, што ќе придонесе за катастрофални шумски пожари низ државата, односно нивно ширење, а се стравува и од нови жаришта. Најкритично е и понатаму на Родос, Крф, но и во централните региони.

Добрата вест е што во среда температурата на воздухот ќе опадне за пет до 10 степени, па вредностите низ земјава ќе бидат од 31 до 39 степени, но освежувањето ќе биде во сува форма и со многу силен и бурен северен ветер, што може само да ја влоши и онака катастрофалната состојба со шумските пожари, пишуваат локалните медиуми.

Во Грција не се очекуваат врнежи во наредните десетина дена.

Треба да знаете
Последни објави