Search

Папата Франциск до трансродово лице: Бог нѐ сака такви какви што сме

 „Бог нѐ сака такви какви што сме“, рече папата Франциск, обраќајќи се на трансродово лице, објавија ватиканските медиуми.

Неговите зборови беа кажани во подкаст во кој тој слушаше и одговараше на аудио пораки пред католичкиот младински фестивал во Португалија следната недела.

Една од пораките дојде од Гиона, Италијанка, дваесетина години, која рече дека е растргната од „дихотомијата меѓу нејзината католичка вера и нејзиниот трансродов идентитет“.

Папата одговори дека Господ е секогаш со нас, „дури и кога сме грешници, тој ни се приближува за да ни помогне“.

„Господ нѐ сака такви какви што сме. Тоа е луда Божја љубов“, рекол папата Франциск.

Католичката црква посочува дека членовите на ЛГБТ заедницата треба да се третираат со почит, сочувство и чувствителност и дека треба да се почитуваат нивните човекови права.

Односот на црквата кон ЛГБТ заедницата, жените и католиците кои се развеле и повторно се венчале во црква ќе биде тема на светската средба на бискупите што треба да се одржи во октомври годинава и во 2024 година. 

Треба да знаете
Последни објави