Search

Османи изрази сочувство за загинатите грчки пилоти

 Жалење и сочувство за загинатите грчки пилоти, но и солидарност и подготвеност за помош во пожарите, изрази преку Твитер министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, јави дописничката на МИА од Атина. 

Кусо пред 15 часот на островот Евија, додека ги гаснеше пожарите се урна грчки Канадер, при што животот го загубија пилотот и копилотот, а шефот на дипломатијата вечерва изрази жалење за трагичниот пад на противпожарниот авион.

-Моето најдлабоко сочувство за загубата на животот на двајцата пилоти на воздухопловните сили. Изразуваме солидарност до Грција/подготвеност да помогнеме во справувањето со разорниот пожар, напиша Османи во твитот, споменувајќи го Министерството за надворешни работи на Грција.

Подготвеноста на Северна Македонија да ѝ помогне на Грција во справувањето со пожарите, во петокот изрази и министерката за одбрана Славјанка Петровска во телефонски разговор со нејзиниот грчки колега Никос Дендиас. 

Треба да знаете
Последни објави