Search

Николовски: Се работи на документација за нов крак за наводнување на нивите во Овче Поле

Tреба да се обезбеди вода за сите земјоделци, а она што се работеше изминатите денови е како водата да пристигне до Овче Поле. Проблеми има, но се решаваат, а веќе Водостопанство “Брегалница“ информираше дека проблемот е надминат, изјави од Свети Николе министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

-Треба да се прават сериозни планови за рационализација на водата, се со цел да ја добијат сите земјоделци. Ние работиме на трајни решенија, како што работиме на Макарија, на нови системи за наводнување, реконструкција на системите. Така што за Овче Поле се изготвува проектна документација, којашто ќе биде финансирана преку Програмата за Водостопанство за нов крак кој ќе дојде до Овче Поле, вели Николовски.

Изградбата на нов крак на системот за наводнување „Брегалница“ ќе значи и решавање на проблемот на земјоделите од општините Свети Николе и Лозово, кои деновиве реагираа дека земјоделските култури им се сушат, бидејќи немаа вода за наводнување. Земјоделците од денеска веќе имаат вода во системот и наводнувањето на културите се одвива согласно потпишаниот План и спогодба.

Треба да знаете
Последни објави