Search

Калин Ивановски доминантно се пласира во второто коло на турнирот во Австрија

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски со само еден загубен гем го победи домашниот тенисер Голдштајнер на турнирот со награден фонд од 25.000 долари кој се игра во Крамсах, Австрија.

Ивановски е втор носител на турнирот, Македонецот денеска се сретна со тенисер кој е речиси четирипати послаб од него според ранкингот. Не му беше тешко да дојде до победата.

Ивановски во првиот сет загуби само еден гем, а во вториот беше перфектен. Беше 6-1 и 6-0.

Во осминафиналето, Ивановски за противник повторно има австриски тенисер, Сил Гаџери(18 години), кој на турнирот настапува со вајлд карта и во првото коло беше подобар од својот сонародник Грегор Хаусбергер со 2-0 во сетови (63 62).

Во конкуренција на двојки Ивановски заедно со Елдин Хусеиновиќ утре ќе играат против италијанско-американската комбинација Томасо Карневале Мино и Сем Лејпидес.

Треба да знаете
Последни објави