Search

Змија крај спортско игралиште во Аеродром

Екстремно високите температури се причина повеќе да има раздвижување и кај влекачите, животни меѓу кои кои спаѓаат и змиите, гуштерите… Такви примери во овој период од годината има се почесто, а еден таков денеска е регистриран со појавување на змија крај спортско игралиште во Аеродром. За среќа овој неканет гостин „змијата“ се појави во период од денот кога е многу топло, па рекреативците на игралиштето беа ретки.

Граѓаните корисници на овие игралишта, посебно околу кои има обраснато трева и грмушести растенија треба да бидат внимателни, додека пак надлежните од општините треба редовно да ги одржуваат овие површини и да ги заштитуваат со препарати кои истите ќе ги одвраќаат од местата каде се собира главно младата поулација за да се рекреира.

Претпазливоста е најголемата превенција од несакани сцени при неочекуваните средбите со змиите !

Треба да знаете
Последни објави