Search

Турскиот Парламент во октомври ќе го разгледа барањето на Шведска за НАТО

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Парламентот во Анкара во октомври ќе го разгледа барањето на Шведска за членство во НАТО.

– Кога парламентот ќе продолжи со работа (во октомври по летната пауза), ќе направиме сè што е потребно, а пратениците ќе го разгледаат барањето на Шведска. Конечната одлука е на пратениците, рече Ердоган во говор по седницата на владата.

Тој додаде дека Анкара е подготвена да ги реши сите проблеми со дијалог.

Треба да знаете
Последни објави