Search

На Родос тројца македонски државјани,се наоѓаат на сигурно

Tројца македонски државјани кои беа затекнати на грчкиот остров Родос, кој на еден дел е зафатен од силен пожар, ја контактирале нашата Амбасада во Атина, информираа од Министерството за надворешни работи. Оттаму соопштија дека истите се наоѓаат на безбедно место на Родос.

Дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија во Грција, како што наведуваат од МНР, продолжуваат да бидат во постојана комуникација со надлежните институции на Грција.

Од Министерството уште еднаш апелираа да се избегнува туристичко или било какво друго патување во загрозените подрачја.  

Треба да знаете
Последни објави