Search

Мицкоски: Јавноста треба да знае дали постои или не постои скриен имот на Груби

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната негова средба со Стопанската комора на северо-западна Македонија на прашањето како ги коментира контадикторните податоци за сопственоста за опожареното возило кое се поврзува со Артан Груби посочи дека според нека станува збор за некаква политичка пресметка.

-Тоа го проследив во медуимите, можам да кажам дека секој ваков криминален чин треба детално да се истражи и сторителите како и за сите други криминални чинови треба да одговараат за стореното, без разлика чие возило е тоа, без разлика дали се однесува на опожарено возило или друг тип на криминал, тоа сепак дел од криминалот претпоставувам во случајот станува збор за некаква криминална пресметка, рече тој.

Мицкоски во врска со целиот овој случај потенцираше дека целиот случај треба детално да се истражи, сторителите да одговараат за сторено и дека јавноста има право да знае дали постои или не постои скриен имот.

-Но она што исто така во јавноста беше познато е што излезе во суштина возилото не било во сопственост на господинот кој што го споменавме, туку било во сопственост на некое дурго правно лица кое што во минатото се поврзува со некои други бизнис активности. Така што јас ги повикувам органите детално да го истражат овој случај, се разбира сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, но исто така и поврзаноста на лицето кое што го споменавте со компанијата која што е сопственост на ова возило очекувам во најскоро време да биде истражено и расчистено пред јавноста бидејќу не смееме да оставаме таков вид на мистерии позади нас поготово бидејќи сме политичари кои што вршиме јавна дејност и јавноста има право да знае дали навистина постои скриен имот или не постои скриен имот, додаде Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави