Search

Ковачки: Нереагирањето на власта откако македонска компанија беше ставена на црна листа на САД заради софтвер за следење, отвора сомнежи дека тие знаеле, бегаат од одговорност

Ова е многу сериозна работа. Пегасуз и Предатор се два вида софтвери кои се идентични конкурентни еден на друг, но ја обавуваат истата работа. Тоа што се виде од медиумите е дека македонската компанија Сајтрокс која го произведувала Предатор е на црна листа на САД и тоа пред една седмица кога изби аферата целосно во јавност иако таа изби претходно, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки за „За или против” на Алфа, при што истакна дека институциите не реагираат.

Ковачки вели дека иако овој софтвер се дозна дека се користел и во Грција и во Египет, иако таа компанија беше ставена на црна листа и на Фејсбук, а македонските власти не реагираат.

– Не реагираа ни тогаш, а ни сега. Цело време се споменува фирма од Македонија, никој не реагира, обвинителство не реагира, МВР не реагира, како да не ги допира тоа. Во текот на април поставив пратеничко прашање до премиерот каде јасно прашав, до каде е со истрагата со врска со Предатор, дали се користи во институциите и дали има одговорност. Добив одговор дека не е регистрирана употреба од институциите. Но не видовме дали постапиле, рече тој.

Ковачки посочува дека несериозниот однос на премиерот  кон ваква сериозна тема покажува дека тој знае за оваа работа.

– Овој софтвер при негов активација може да не сте свесни дека го имате. Ова значи дека може дека има пристап до сите информации во вашиот телефон и потоа ги користи каде има потреба. Ова е пресериозна работа, нагласи тој.

Воедно Ковачки додаде дека и претходно било повикано за софтвер во ОТА за прислушкување но власта молчи.

ОТА која е надлежна помеѓу операторите и службите за безбедност. Имавме информации дека има набавено незаконски софтвер за прислушкување на целиот интернет сообраќај и го прашуваме министерот за внатрешни работи дали дал одобрение, затоа што согласно закон тој дава одобрение, но не даваат одговор. Бегаат од одговорност, ако не го прават ова ќе кажат дека не е точно и ќе овозможат експерти да се утврди, но сега се создава сомнеж.

Треба да знаете
Последни објави