Search

УХМР издаде метео предупредување дека и делови земјава ќе ги зафати силно невреме

Вонредна информација од УПРАВА ЗА ХИДРОМЕТЕОРОЛОШКИ РАБОТИ Поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, денес во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

И во делови од Скопската Котлина ќе има услови за невреме со силен ветер, дожд, електрични празнења и појава на град.

Треба да знаете
Последни објави