Search

Состојбата по невремето кое ја зафати општина Бутел е стабилна

-Општинскиот кризен штаб работи на терен на расчистување на последиците од невремето и обилните врнежи кои ја зафатија општина Бутел, соопштија од Општината.

Општинските работници ги оспособија сите критични места и расчистени се паднатите дрва и наносите.

Сите патишта кои се под надлежност на Општина Бутел се проодни.

На терен и во вечерните часови работи и целосната механизација со која располага Општина Бутел.

Треба да знаете
Последни објави