Search

Невреме со град во Пробиштип

Невреме проследено со град го зафати регионот на Пробиштип.

Граѓаните на социјалните мрежи објавуваат фотографии и видео снимки на кои се гледа дека невремето, кое се случило околу 17.30  било проследено со силен ветар и  град, а како што велат се траело кратко  околу пет до десет  минути.

Локалната власт се уште нема информации дали има штети на инфраструктурата и на домаќинствата, а исто така и на земјоделските површини.  

Треба да знаете
Последни објави