Search

Мицкоски со порака до младите: ВМРО-ДПМНЕ го брани и заштитува интересот на македонскиот народ, бидете горди што сте дел од Унијата на млади сили

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната панел дискусија „Младински политики” на Саем на проекти за млади „Иднина за сите во Македонија” во организација на Унијата на млади сили, упати порака до младите дека ВМРО-ДПМНЕ го брани и заштитува македонскиот народ и тие треба да се горди што се дел од УМС, воедно посочи дека сите твориме за едно големо семејство наречено Македонија.

– Она што е важно да се напомене дека мој личен фокус, како и на ВМРО-ДПМНЕ, бил, е и ќе остане младиот човек, односно младите. Вие сега го чекорите тој пат од Унијата на млади сили до структурите на партијата. Практично, иднината на ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа и на Македонија, целосно останува понатаму во ваши раце. Искуството кое ќе го стекнете сега, само понатаму во животот ќе го надоградувате, бидејќи велат имаме вродена и стекната интелигенција и вие ќе станувате се побогати не само со искуство, туку и пријатели. Мој совет е да се обидувате кај луѓето секогаш да го пронаоѓате најдоброто, рече Мицкоски.

Мицкоски им порача на младите да не се откажуваат туку при секој пад да станат и да продолжат напред, да продолжат да се борат.

– Кога веќе сите вие сте дел од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, крајната цел за која што претпоставувам работиме и твориме и едно големо  семејство наречено Македонија.  Ние сите сме дел од таа наша Македонија и претпоставувам најголемиот дел од вас, јас би сакал сите да останете во тоа семејство Македонија и тука да го изградите вашето потесно семејство, кое пак понатаму од вас ќе биде инфицирано со ВМРО-ДПМНЕ и љубовта кон татковината. Тоа така ќе се предава од колено на колено, ќе доаѓаат нови млади сили, тие ќе го наследуваат тоа од вас и тој еден циклус, кој го има во Македонија кој го има само една политичка партија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ, современото ВМРО, почива на она историското ВМРО кое имало за задача да ги брани и заштитува интересот на граѓаните во Македонија, пред се како мнозинска заедница мислам на македонскиот народ, децении и би рекол повеќе од еден век наназад,  рече Мицкоски.

Мицкоски порача дека затоа треба да се горди и среќни што се дел од структурата наречена ВМРО-ДПМНЕ, во случајот, Унијата на млади сили.

– Многу е важно младиот човек да има амбиција и таа амбиција да може да ја реализира. Во ВМРО-ДПМНЕ порано или подоцна верувајте дека ако бидете истрајни таа амбиција редовно ќе биде исполнета, а потоа ќе дојде нова амбиција, и се така до оној момент додека не стигнете до крајната цел. Вашата амбиција во оваа структура, во оваа организација ќе биде реализирана.  Не беше така лесно пред 5 и половина години кога новото раководство ја презеде партијата, состојбата во тоа време беше многу предизвикувачка и сите вие кој повеќе, кој помалку бевте дел од тој мозаик кој се градеше овие 5 и половина години, а првите знаци на успех дојдоа на локалните избори 2021 година, кога со помош и огромна улога на УМС, ВМРО-ДПМНЕ и народот направија историски резултат, за прв пат во независна Македонија, нагласи Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави