Search

Пресметка на концертот на Теа Таировиќ во Битола: Едно лице итно префрлено во Скопје

Крвав инцидент се случил синоќа во Битола по концертот на српската турбо фолкерка Теа Таировиќ. Концертот се одржа на отвореното Ракометно игралиште, а тепачката вон него.

Според извори на СВР Битола полициски службеници ги лишиле од слобода С.Б.(19), Д.Ј.(18) и Б.А.(18), сите од Битола. На службен разговор во полициската станица и денес се повикуваат и други лица поради сомнение дека биле вмешани во инцидентот.

Тепачката била пријавена во полиција околу 00.47 часот. Според пријавата, на Ракометното игралиште во Битола дошло до меѓусебна физичка пресметка помеѓу две групи, главно малолетници, во која бил употребен и остар предмет, а две малолетни лица и еден 19-годишник завршиле со повреди и се пренесени во Клиничка болница Битола каде им е укажана медицинска помош. Две од повредените лица со потешки повреди, од кои едното во критична состојба, како што дознава Макфакс, се рпенесени на Клиниките во Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, стои во соопштението на МВР.

Треба да знаете
Последни објави