Search

Хорор во Париз: познат голман и неговата девојка биле врзани и ограбени, пренесени се во болница

Џанлуиџи Донарума, голманот на Пари Сен-Жермен, и неговата девојка Алесија Елефанте биле ограбени во нивниот дом во Париз.

Хоророт се случил во ноќта меѓу четвртокот и петокот, а крадците однеле работи вредни 500.000 евра.

Сепак, како што пренесува порталот „Акту 17“, тие го преживеале хоророт. Наводно ги соблекле, а потоа ги врзале.

Успеале да побегнат и да најдат помош во луксузен хотел околу 3 часот по полноќ.

Од хотелот веднаш повикале полиција и итно биле пренесени во болница на прегледи. Досега никој од нив не се огласил.

Треба да знаете
Последни објави