Search

Украина веќе ja користи касетната муниција од САД

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби, потврди дека украинските сили веќе ја користат касетната муниција испорачана од САД во нивната контраофанзива, јавува „Би-Би-Си“.

Според Кирби, првичните информации од фронтот укажуваат дека гранатите покажале ефикасност против руските позиции во окупираните украински територии. Џон Кирби потсетува на заложбата на Украина дека употребата ќе биде само на украинска територија со цел успешно да се одвратат окупаторите.

„Би-Би-Си“ додава дека испратените артилериски гранати имаат низок неексплодиран остаток помал од 2,35 отсто и тоа се оние гранати кои не се активираат при распрснување и можат да останат како закана од мини со години.

САД се согласија да вклучат касетна муниција во најновиот пакет воена помош за Украина, по извештаите дека Русите веќе ја користеле истата технологија во нивната агресија на украинска територија.

Касетните бомби се забранети во повеќе од 100 земји поради нивната закана за цивилите, потсетува „Би-Би-Си“.

Треба да знаете
Последни објави