Search

Тренчевска: Од 2016 до денес платите во градинките зголемени за над 80, а во основното и средно образование над 50 отсто

Потпишувањето на Општиот колективен договор е историски успех за тоа што по 15 години постигнавме договор со поволности за околу 130.000 лица кои работат во јавниот сектор, порача претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска во емисијата „Само вистина” на Канал 5 Телевизија. 

„Со Колективниот договор дефинираме систем на плати со кој обезбедуваме постојан раст на платите во јавниот сектор и повеќе нема да зависи кој е министер, кој е премиер туку ќе има постојан раст на платите врзан со растот на просечната плата. Веќе во септември со исплатата на плата секој добива 10 отсто покачување на плата и 10.000 денари надомест за к-15, а од 2024 година, К-15 ќе изнесува најмалку 30 посто од просечната плата. Од март 2025 ќе има и нова методологија, каде ќе имаме коефицент на сложеност кој се множи со раст на просечната плата. ” посочи Тренчевска. 

Таа истакна дека од периодот 2016 и 2017 до септмеври оваа година, забележан е значен раст на платите во речиси сите сектори. 

„Нето платата на наставник во основно образование од 2016 година па до денес е зголемена за 44 отсто, на професор во средно образование зголемена за 42 отсто. На сето ова треба да се додаде и следното зголемување во септември од 10 отсто, што значи дека има зголемување за над 50 отсто. На воспитувачка во градинка платите се зголемени за 81 отсто, од 2017 до денес, додека за негувателките зголемувањето е 89 отсто. Помошно техничкиот персонал во градинки, за истиот период имаат зголемување за над 100 отсто” порача Тренчевска. 

Тренчевска истакна дека оваа Влада предводена од СДСМ сите решенија како за минималната плата, како за растот на пензиите, така и за Општиот колективен договор ги носи во инклузивен пристап со засегнатите и дека така ќе продолжи и во иднина затоа што постојано се води од интересите на граѓаните. 

Треба да знаете
Последни објави