Search

Светски фонд за природата: Екстремните климатски катастрофи се предупредување на природата

Невиденото невреме кое го зафати регионот, однесе многу животи и предизвика огромни штети, е предупредување за природни катастрофи кои може да се очекуваат почесто, соопшти денеска Светскиот фонд за природата (WWF).

Целата планета, како што се наведува во соопштението на WWF, е во климатска криза. Атмосферата е за 1,1 степени Целзиусови потопла од прединдустриското време, а екстремните временски настани се се полоши и почести.

„Екстремните временски настани предизвикани од климатските промени се чувствуваат низ целата планета, што доведува до огромни загуби на човечкиот живот и здравје и предизвикува огромна штета на екосистемите, производството на храна и вода и инфраструктурата. Честопати, најранливите и најсиромашните земји се најпогодени, што предизвикува бројот на климатските бегалци нагло да се зголемува од година во година“, предупредуваат од организацијата, која се занимава со заштита на природните резервати и има мрежа во повеќе од 100 земји.

Треба да знаете
Последни објави