Search

Многу зеленило и ниски згради на Треска, нема бетонизација

Нов модерен станбен и зелен центар ќе се изгради на локацијата на поранешната фабрика „Треска“.
Комплексот кој ќе биде изграден на локацијата кај поранешна „Треска“ предвидува планско паркирање, урбано осветлување, зелени уредени катчиња и беспрекорни сообраќајни решенија не само за жителите туку и за сите скопјани.
На опфатот „Треска“ според ДУП-от од 2012 се предвидува максимална катност од приземје плус 5 ката или максимална висина од 16 метри. Бетонизацијата која се најавуваше согласно овие параметри нема да се реализира.
Иако актуелниот ДУП, на оваа површина предвидува само 5% зеленило, меѓутоа инвеститорите предвидуваат и повеќе од законскиот минимум од 20% зеленило во парцела или вкупно 8200 м2 зелена површина како партерно уредување во рамки на блоковите, а дополнително предвидена е и изградба на јавен парк со вкупна површина од 9474 м2 или вкупното зеленило предвидено за овој простор достигнува близу 18.000 м2
Предвидена изградба на комплекс од вкупно 6 блока, при што најмалиот е со вкупна површина од околу 3900 м2, додека најголемиот 8920 м2 и кај сите 6 блокови се предвидува голема површина на зеленило како партерно уредување.
Во рамки на целиот комплекс се предвидуваат јавни содржини како градинка, парк, и комерцијални објекти а самиот комплекс ќе биде отворен за јавноста и прооден од сите страни.

Треба да знаете
Последни објави