Search

Ирак го прогласи шведскиот амбасадор во Багдад за персона нон грата за навреда на Куранот во Стокхолм

Ирак го прогласи шведскиот амбасадор во Багдад за персона нон грата по уште едно сквернавење на Куранот пред џамија во Стокхолм.

Кризата ескалира откако властите во скандинавската земја издадоа дозвола за протест кој се очекуваше да вклучи палење на муслиманската света книга.

Стотици Ирачани упаднаа и ја запалија шведската амбасада во текот на ноќта, неколку часа пред планираното палење на Куранот, кое на крајот не се случи. Министерот за надворешни работи Тобијас Билстром објави дека персоналот е безбеден, но локалните власти не ги исполниле своите обврски од Виенската конвенција за заштита на дипломатската мисија.

Во соопштението на владата во Багдад реагираше со предупредување дека „секое повторување на инцидентот со палење на Светиот Куран на шведска територија“ ќе бара прекин на дипломатските односи“.

Нападот беше организиран од поддржувачите на шиитскиот свештеник Муктада ал-Садр, кој е една од највлијателните личности во Ирак, со стотици илјади следбеници. Пред една година тие нападнаа и учествуваа во смртоносни судири во близина на силно утврдената „зелена зона“ во Багдад.

На првиот ден од Курбан Бајрам, на крајот на јуни, пред џамија во Стокхолм, 37-годишниот Салван Момика, заедно со уште еден демонстрант, најпрвин ја згазиле светата книга на муслиманите, а потоа ставиле парчиња сланина врз неа, искинале и запалиле неколку страници, а на крајот го шутнале Куранот. Протестот, најавен во име на слободата на говорот, беше официјално одобрен од шведските власти, според законите на земјата. Салван потоа се закани дека ќе го повтори својот протест.

Иран, Ирак, Саудиска Арабија и други муслимански земји на Блискиот исток го опишаа она што се случи како опасна, неприфатлива и срамна провокација, а Мароко и Јордан ги отповикаа своите амбасадори во шведскиот главен град.

Треба да знаете
Последни објави