Search

Шкупи се штедеше за Левски, одигра реми со Хегелман на арената ,,Тодор Проески”

Шкупи одигра 0:0 на домашен терен против литванскиот Хегелман, но сигурно се квалификуваше во второто квалификациско коло на Конференциската лига по убедливите 5:0 на гостински терен.

По убедливата предност од првиот меч, дуелот во Скопје не изобилуваше со многу возбуда, и иако гостите успеја да ја одржуваат теренската иницијатива, најдобрите шанси на мечот ги имаше македонскиот клуб.

Во второто квалификациско коло, Шкупи го очекува тежок дуел со Левски Софија. Левски имаше слободно прво коло и првиот меч се игра во Бугарија.

Треба да знаете
Последни објави