Search

Фондацијата „Отворено општество“ се реформира: грантовите се ограничуваат, некои ќе се прекинат

Фондацијата Отворено општество (ОСФ) соопшти дека планира да го ограничи доделувањето грантови до февруари додека преминува на нов модел на работа под нејзиниот нов шеф, синот на Џорџ Сорос, Алекс.

Портпаролот на фондацијата рече дека паузата во финансирањето нема да влијае на сегашните носители на грантови.

Во писмото упатено до „пријателите и партнерите“ на Фондацијата „Отворено општество“, нејзиниот претседател Марк Малох-Браун напиша: „Технолошките, еколошките, политичките и социо-економските промени ги предизвикуваат идеалите на отвореното општество ширум светот“. Овие промени бараат од нас да ја преиспитаме филантропијата“.

Како дел од ревизијата, персоналот од 800 луѓе во 20 земји ќе се намали за 40 проценти, а ќе има и промени во грантовите.

„Ова често ќе значи повеќегодишни обврски (кон Фондацијата) кои ќе им овозможат на нашите партнери да преземат амбициозна, долгорочна акција со јасни мерливи цели кои не би биле исполнети без вклучување на „Отворено општество““, напиша директорот Малох-Браун, додавајќи дека фондацијата ќе ги почитува постоечките финансиски обврски, но можеби нема да обнови некои од нив.

Некои грантисти се загрижени за влијанието што промените ќе го имаат врз нивното финансирање, велејќи дека неизвесноста сама по себе има цена, особено за малите организации.

Треба да знаете
Последни објави