Search

Тренчевска во Белград со Селаковиќ разменуваа искуства во социјалната заштита и Отворен Балкан

 Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на покана на српскиот министер за труд, вработување, боречки и социјални прашања Никола Селаковиќ од денеска до петок престојува во работна посета на Република Србија, со цел размена на искуства во делот на социјалната заштита и финализирање на преговорите за слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги во рамки на Отворен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ние во 2019 година ја започнавме имплементацијата на реформата во социјалната заштита и еден од предизвиците што се поставува е софтверското решение, како да ги подобриме услугите и правата да бидат поблиску и побргу   да стасат до сите граѓани на кои им е треба. Ресорното министерство во Србија во тој процес е понапред, веќе го имаат воспоставено ваквото софтверско решение, тоа се имплементира и ние сакаме да учиме од успешни приказни и од она што е функционално, за да го забрзаме тој процес и во нашата држава, изјави министерката Тренчевска по билатералната средба со српскиот министер Селаковиќ во српската влада.

Селаковиќ рече дека на средбата е зазговарано за Отворен Балкан, каде двете минстерства имаат значајна улога преку националните служби за вработување со воспоставување на системот на работните дозволи за сите граѓани на државите клои се вклучени, со цел овозможување на слобода на движењето на работната сила.

-Она што се договривме е за нашата наредна средба да подготвиме Меморандум за соработка помеѓу двете минитерства кој ќе овозможи директна соработка на стручните служби и во минстерството и во центрите за социјалана заштита и други служби кои се во рамки на нашата надлежност за вработување, размена на искуствата во боречко-инвалидската заштита и заштита на лицата со инвалидитет, изјави Селаковиќ.

Во текот на посетата министерката Тренчевска присуствувашe на презентација на новиот софтвер – Систем за заштита и дигитализација на инструментите за социјална заштита (СОЗИС), кој што е наменет за работа на центрите за социјална работа и системот – Социјална карта кој служи за подобра распределба на средствата кои државата ги вложува во правата од социјалната заштита. 

Согласно агендата министрите ќе го посетат Центарот за социјална работа каде се имплементира новиот софтер, како и  Јавната предучилишна установа во Земун, модел градинка кој се имплементира со подршка на Светската банка.

Треба да знаете
Последни објави