Search

Лога: Камчев е еден од главните спонзори за уништување на СЈО

Првиот човек во ресорот Правда, Кренар Лога го поздрави ставањето на бизнисменот Орце Камчев на црната листа на САД. Министерот потенцира дека Камчев бил еден од главните спонзори за уништување на Специјалното јавно обвинителство.

Тоа што му се случи на господинот Камчев беше очекувано, но всушност правосудните органи во Македонија не го гледаат тоа. Господинот Камчев е еден од главните спонзори за уништување на СЈО и неговото име се поврзува со многу други проблеми во државата денес. Мило ми е што се најде на црната листа на САД, но многу ми е жал за судскиот систем во Македонија, не го видоа и продолжуваат да не го гледаат на начин на кој очекува обичниот граѓанин, рече Лога на отворањето на канцеларијата за бесплатна правна помош во општина Боговиње.

САД го ставија Камчев на „црната листа поради неговата вмешаност во корупција и перење пари. Како што објави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер, „САД го назначуваат бизнисменот Јордан Орце Камчев за одговорен за вмешаност во корупција, вклучително и поткуп на владин функционер“.

Се прецизира дека во 2020 година, главниот обвинител на Специјалното обвинителство за прислушување разговори бил обвинет за примање поткуп од Камчев и сведочел дека дал пари во замена за поволни услови за апсење и расплет на случајот.

„По овој скандал, Специјалното обвинителство пропадна и многу од случаите на корупција на високо ниво на кои работеше стагнираа и немаше решенија за нив, со што се одложи одговорноста за многу поединци кои се занимаваа со корупција слична на Камчев“, велат од Министерството за финансии на САД.

Треба да знаете
Последни објави