Search

Ирак побара амбасадорката на Шведска да ја напушти земјата

Ирак побара од шведската амбасадорка Џесика Свардсторм да ја напушти земјата и го отповика својот вршител на работите во Шведска.

Одлуката е донесена откако претходно денеска ирачката влада ја предупреди Шведска дека ќе ги прекине билатералните дипломатски односи доколку дозволи да се запали Куранот на нејзина територија.

„Вчера ирачката влада ја информираше шведската влада преку дипломатски канали дека ќе има за цел да ги прекине дипломатските односи со Шведска во случај на палење на Куранот“, се вели во соопштението за печатот од кабинетот на премиерот по средбата со официјални претставници на безбедносните сили.

Шведската амбасада во Багдад беше запалена рано утринава за време на демонстрациите организирани од приврзаниците на верскиот лидер Моктад Садр. Инцидентот, како што пренесуваат светските агенции, се случил пред протестот во Шведска, каде било планирано да се запали копија од Куранот.

Околу 20 лица се приведени во Багдад.

Шведското Министерство за надворешни работи соопштува дека персоналот на амбасадата е безбеден.

Рацијата во Амбасадата во Багдад следи по одобрувањето на шведската полиција на денешниот митинг во Стокхолм. Организатор е Салван Момика, ирачки бегалец во Шведска, кој планирал да запали копија од Куранот и ирачкото знаме пред ирачката амбасада.

Треба да знаете
Последни објави