Search

Агелер: Одлуката дали ќе покренат постапки или ќе ги уапсат останува до институциите на државата

Не се знае кој ќе биде следен на т.н. „црна листа“ на САД, посочи американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер.

Таа истакна дека ова е процес кој трае и дека ниту таа не знае кој ќе биде следен санкциониран. Коментирајќи го тоа што Рамиз Мерко остана градоначалник на Струга дури и откако беше ставен на т.н. црна листа, Агелер рече: „Ние не можеме да дојдеме во Северна Македонија и да уапсиме некого или да покренеме кривична постапка, но ќе биде интересно да видиме кои правни постапки ќе се покренат.

„Најважното нешто е што сите овие одлуки било од Стејт департментот, Министерството за економија или друга институција, се сто порценти е неполитички и не е ништо лично. Ова е според правото на САД. Ние сме предводени од правото, ако институциите најдат докази за било каква злоупотреба мора да реагираат и за индивидуите да превземат соодветни мерки“, посочи Агелер.

За тоа како може Мерко да има 30 кривични постапки, и која е низниот став за одговорноста на институциите што тој нема ниту една пресуда, Агелер рече: „Како амбасадор на САД во Северна Македонија не е моја должност да коментирам што треба да прават институциите, но како што изјавив претходно ние најдовме докази за овие личности тука во Северна Македонија, а не во Вашингтон. Сите информации се достапни, ние соработувавме со институциите тука во оваа држава. Одлуката дали ќе покренат постапки или ќе ги уапсат овие личности останува до институциите на државата. Институциите треба да ги слушнат граѓаните, бидејќи јас гледам дека граѓаните се повредени од корупцијата. Тоа е должност на народот и новинарите да реагираат на институциите за нивните активности“.

Треба да знаете
Последни објави