Search

Украина: Ја разнесевме руската база на Крим, Русите го кријат бројот на загинати

Кирило Буданов, шеф на украинската воена разузнавачка служба, објави дека синоќешната експлозија на складиште за муниција во руска воена база на окупираниот Крим е операција на украинските специјални сили.

„Успешно спроведовме операција на окупираниот Крим. Непријателот го крие обемот на штетата и бројот на жртвите“, објави Буданов на својот канал на Телеграм.

Сергеј Аксјонов, гувернерот на Крим, кој беше поставен од Москва, претходно на Телеграм напиша дека е планирана привремена евакуација на околу две илјади луѓе од областа Кировски на анектираниот полуостров. Причина за евакуацијата е пожар кој избувнал на воените полигони, јавува руската државна новинска агенција Тасс.

Треба да знаете
Последни објави